Израелските сили ги нападнаа верниците кои клањаа намаз во Месџид-и Акса

Повеќето од повредените лица здобија рани од испукани пластични куршуми од страна на израелските полициски сили

1636367
Израелските сили ги нападнаа верниците кои клањаа намаз во Месџид-и Акса

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека бројот на повредените во вечерашниот израелски напад во џамијата Месџид-и Акса на портата Дамаск во Стариот град и во областа Шејх Џарах во Источен Ерусалим (Кудс) се зголеми 205 лица, од кои еден дел се префрлени во болници, а на другите повредени им е укажана итна медицинска помош во амбулантни возила.

Повеќето од повредените лица здобија рани од испукани пластични куршуми од страна на израелските полициски сили.

Израелските полициски сили се обидоа да ги растераат големиот број Палестинци кои вчера вечер дојдоа во Харем-и Шериф во џамијата Месџид-и Акса за клањање на терави намаз (намаз теравија што се клања за време на месецот на постот Рамазан).

Притоа беа користени шок бомби и солзавец.

Во нападот на израелските полициски сили полиција врз верниците во Месџид-и Акса се повредени и уредникот на новинската Агенција Анадолија „АА“ за Блискиот Исток Тургут Алп Бојраз и фоторепортерот на агенцијата Мустафа Алкхаруф.

 

 



Слични вести