Одговор од претседателот на Генералното собрание на ОН Волкан Бозкир до Ерменија за тврдењата за т.н. „геноцид“

Претседателот на Генералното собрание на ОН Волкан Бозкир рече: „Злосторството геноцид треба да биде утврдено од страна на надлежен судски орган, односно за дефинирање на еден настан како геноцид, треба да биде донесена одлука во надлежен меѓународен суд“

1634851
Одговор од претседателот на Генералното собрание на ОН Волкан Бозкир до Ерменија за тврдењата за т.н. „геноцид“

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир на седницата на Генералното собрание организацијата посветена на мултилатералноста и дипломатијата за мир ѝ одговори на Ерменија од чија страна беа поставени на дневен ред тврдењата за т.н. „геноцид“.

Привлекувајќи внимание дека „геноцид“ претставува злосторство коешто е посебно дефинирано во Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 година и дека во конвенцијата стои јасно дефинирано што е геноцид и како се определува тоа, Бозкир рече: „Злосторството геноцид треба да биде утврдено од страна на надлежен судски орган, односно за дефинирање на еден настан како геноцид, треба да биде донесена одлука во надлежен меѓународен суд.“

Волкан Бозкир нагласи дека ставот на Обединетите нации (ОН) за тоа што е „геноцид“ е во усогласеност со Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид и дека тоа бројни пати е повторено од страна на функционерите на ОН и во минатото.

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир, исто така потсети и на изјавата на портпаролот на генералниот секретар на ОН пред две недели во однос на тоа дека „геноцидот треба да се утврди од страна на соодветен судски орган“.

Инаку, да потсетеме дека американскиот претседател Џо Бајден во дадената изјава на 24 април во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“ на што пак пристигна остра реакција од страна на Турција.



Слични вести