Локални избори во Велика Британија

На денешните локални избори во Велика Британија се натпреваруваат повеќе од 15.000 кандидати од кои ќе бидат избрани 5.000 членови на 143 градски и општински собранија, како и 13 градоначалници меѓу кои и градоначалник на главниот град Лондон

1635052
Локални избори во Велика Британија

Денеска во Велика Британија приближно 48 милиони граѓани со право на глас бираат 5.000 членови на 143 градски и општински собранија, како и 13 градоначалници меѓу кои и градоначалник на главниот град Лондон.

Гласањето започна во 07:00 часот и ќе заврши во 22:00 часот по локално време.

Поради преземените мерки во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) пребројувањето на гласовите се очекува да трае подолго и резултатите се предвидува да бидат соопштени  утре.

На изборите коишто требаше да се одржат на 7 мај 2020 година но поради пандемијата на Ковид-19 беа одложени една година, граѓаните гласаат во гласачките места, по пошта и со полномоштво, со овластување на свој полномошник доколку се покаже валидна причина за тоа.

На денешните локални избори на кои ќе бидат избрани 5.000 членови на, 143 градски и општински собранија, како и 13 градоначалници меѓу кои и градоначалник на главниот град Лондон, се натпреваруваат повеќе од 15.000 кандидати.

 



Слични вести