Израелските војници во Наблус на окупираниот Западен Брег убија 16-годишно палестинско момче

Во објавеното писмено соопштение од Црвената полумесечина на Палестина, било предадено мртвото тело на едно 16 годишно палестинско момче кое било убиено од страна на израелските војници во месноста Одала кај градот Наблус

1634861
Израелските војници во Наблус на окупираниот Западен Брег убија 16-годишно палестинско момче

Во упадот на израелските војници врз градот Наблус на окупираниот Западен Брег е застрелано и убиено едно 16 годишно палестинско момче.

Во објавеното писмено соопштение од Црвената полумесечина на Палестина, било предадено мртвото тело на едно 16 годишно палестинско момче кое било убиено од страна на израелските војници во месноста Одала кај градот Наблус.

Во соопштението се вели дека освен тоа во нередите до кои дошло во месноста бил ранет со вистински куршум и еден палестински младинец кој бил префрлен во болница.

Палестинското министерство за здравство исто така со писмено соопштение потврди дека во месноста Одала е застрелан и убиен еден Палестинец, но не беа дадени информации во врска со идентитетот на убиеното лице.



Слични вести