Американскиот државен секретар Антони Блинкен во посета на Украина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен своите средби и разговори во Киев ги започна со својот украински колега Дмитро Кулеба, а ќе се состане и со претседателот Володимир Зеленски

1635223
Американскиот државен секретар Антони Блинкен во посета на Украина

Во период додека продолжува затегнатоста на линијата Вашингтон-Москва американскиот државен секретар Антони Блинкен престојува во посета на Украина.

Блинкен своите средби и разговори во Киев ги започна со својот украински колега Дмитро Кулеба. 

Притоа, Блинкен ја повтори поддршката на неговата земја на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во рамките на посетата ќе се состане и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Инаку, Зеленски во своите претходни изјави рече дека неговата земја очекува поддршка од Вашингтон по прашањето на членството во НАТО.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, поради присутната затегнатост со проруските сепаратисти во источниот дел на земјата, се очекува да побара и воена помош од Вашингтон.

 



Слични вести