Во пропагандното видео на ИРИБ, зградата на американскиот Капитол се разнесува со ракета

Според веста на Спутник, пропагандното видео објавено од ИРИБ за викендот предизвика контроверзии

1634447
Во пропагандното видео на ИРИБ, зградата на американскиот Капитол се разнесува со ракета

Во пропагандното видео кое се емитуваше на Иранската државна телевизија (ИРИБ) беа прикажани снимки од Капитол на Соединетите Држави (САД), разнесен од ракета.

Според веста на Спутник, пропагандното видео објавено од ИРИБ за викендот предизвика контроверзии.

Видеото беше објавено пред говорот на иранскиот духовен лидер Али Хамнеи.

Во пропагандното видео на Армијата на револуционерната гарда, се гледа како ракета го разнесува Капитол во САД.

Подоцна на снимката имаше делови од ирански духовници кои одеа кон градот Ерусалим, кој е во центарот на израелско-палестинскиот конфликт.

Не задоцни американската реакција против видеото.

Републиканскиот сенатор Пат Томи од Пенсилванија, против видеото реагираше со зборовите:

„Иран објави лажно видео на кое Револуционерните гарди го креваат во воздух Капитол“.



Слични вести