Паника на министерскиот состанок на Г-7 во Британија

Позитивни тестовите на делегатите на индиската делегација

1634408
Паника на министерскиот состанок на Г-7 во Британија

 

На состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7 што се одржа во Велика Британија, беше доживеана паника поради новиот тип на коронавирус (Ковид-19).

Тестот за Ковид-19 на 2 делегати од индиската делегација, кои престојуваат во Лондон за да присуствуваат на состанокот, беше позитивен.

Британски официјален претставник во изјавата во врска со прашањето рече:

„Тестот на двајца делегати беше позитивен, така што целата делегација е под изолација“.

Британскиот официјален претставник рече дека разговорите се реализираат под строги мерки на Ковид-19, како што е секојдневно тестирање на сите делегати.

Индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Јаишанкар во објавата што ја сподели на Твитер рече дека по развојот на случувањата, на  разговорите ќе учествува онлајн преку интернет.

Индија не е член на групата Г-7. Меѓутоа, Велика Британија на самитот чиј домаќин е, покрај Австралија, Јужна Африка и Јужна Кореја ја покани и Индија.



Слични вести