Во Израел утврдени бразилска и чилеанска варијанта на новиот тип коронавирус (Кови-19)

Во објавеното писмено соопштение од израелското Министерство за здравство се истакнува дека кај двајца Израелци кои биле вакцинирани и се вратиле од странство е утврдена бразилска варијанта, а кај еден Израелец чилеанска варијанта на Ковид-19

1633353
Во Израел утврдени бразилска и чилеанска варијанта на новиот тип коронавирус (Кови-19)

Во Израел се утврдени бразилска и чилеанска варијанта на новиот тип коронавирус (Кови-19).

Во објавеното писмено соопштение од израелското Министерство за здравство се истакнува дека кај двајца Израелци кои биле вакцинирани и се вратиле од странство е утврдена бразилска варијанта, а кај еден Израелец чилеанска варијанта на Ковид-19.

Освен тоа, и кај уште 19 лица во Израел кои не биле израелски граѓани е утврдена индиска варијанта на Ковид-19.

Во соопштението се вели дека заедно со овие утврдени случаи бројот на регистрираните случаи на инфектирани лица со индиска варијанта на Ковид-19 во Израел се зголеми на 60 лица.

Минатата недела во Израел беше утврдена индиска варијанта на Ковид-19 кај 41 лице меѓу кои се наоѓаа и четворица вакцинирани лица.

Инаку, во Израел која е земја со најголем број вакцинирани граѓани според бројот на населението во светот, во последните недели дневниот број на случаи на новиот тип коронавиурс (Ковид-19) опадна на под 200 лица.



Слични вести