На протестите во Колумбија против предложената даночна реформа загинаа 17 лица

На одржаните протести од 28 април досега во Колумбија против предложената даночна реформа, загинаа 17 лица од кои еден полицаец, а повеќе од 711 лица се повредени од кои 457 полицајци

1633322
На протестите во Колумбија против предложената даночна реформа загинаа 17 лица

Бројот на загинатите на протестите коишто се одржуваат против предложената даночна реформа минатата недела од страна на претседателот на Колумбија Иван Дуке, се зголеми на 17 лица.

Според податоците на колумбиската канцеларија на народниот правобранител ослонувајќи се на извештаите на Националната канцеларија на Главното јавно обвинителство и Националната полиција, на одржаните протести од 28 април на целата тероторија земјата, досега загинаа 17 лица од кои еден полицаец, а повеќе од 711 лица се повредени од кои 457 полицајци.

Протестите против даночната реформа во Колумбија кои што започнаа на 28 април на повик на синдикатите, локалните заедници, студентските и ученичките групи и на различни опозициски средини за „национален штрајк“, на почетокот поминаа мирно и на мирољубив начин, но потоа станаа сцена на насилства.

Во нередите до коишто дојде се оштетени 254 работни места, 100 возила за јавен превоз, 69 автобуски постојки, 54 јавни згради, а се ограбени и 94 банки и 259 тргвоски установи.

Колумбискиот претседател Иван Дуке на одржаната прес-конференција минатиот ден истакна дека е донесена одлука за повлекување на нацрт законот за даночна реформа.



Слични вести