Џон Кирби: Започнаа серијата воени вежби „Бранител Европа 2021“ кои ќе траат до средината на јуни

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби истакна дека започнаа серијата воени вежби „Defender Europe 2021“ („Бранител Европа 2021“) чии подготовки продолжуваат од месец март и кои ќе траат до средината на месец јуни

1633485
Џон Кирби: Започнаа серијата воени вежби „Бранител Европа 2021“ кои ќе траат до средината на јуни

Портпаролот на американскиот Државен секретаријат (Пентагон) Џон Кирби на одржаната редовна дневна прес-конференција соопшти дека започнаа серијата воени вежби „Defender Europe 2021“ („Бранител Европа 2021“) коишто ги организираат САД во 26 европски земји и на кои ќе учествуваат 28 илјади војници. 

Портпаролот Кирби истакна дека започнаа серијата воени вежби „Defender Europe 2021“ („Бранител Европа 2021“) чии подготовки продолжуваат од месец март и кои ќе траат до средината на месец јуни.

Велејќи дека вежбите започнаа во Албанија, Кирби рече: „На вежбите ќе учествуваат 28 илјади војници од 26 различни земји, САД, сојузници и партнери и согласно нивната природа се со одбранбена цел. Фокусирајќи се на одвраќање на агресивноста ги подготвуваме нашите сили на давање одговор на кризи и доколку затреба да реализираат воени операции од големи размери. Вежбите опфаќаат неколку меѓусебно поврзани мултинационални вежби.“

На овие воени вежби учествува и Турција.

Портпаролот на американскиот Државен секретаријат Џон Кирби соопшти дека истовремено од страна на Воздухопловните сили на САД индиско-пацифичките сили на бреговите на Аљаска ќе биде реализирана и Северно-крајбрежната вежба.

„На воената вежба којашто е фокусирана на обука на воен авион на високо ниво блиску до вистина, за развивање на заедничкото функционирање и  зголемувањето на степенот на подготвеност за војна, учествуваат приближно 15 илјади војници и 240 авиони.“

 



Слични вести