Џо Бајден квотата за прием на бегалци во 2021 од 15.000 ја зголеми на 62.500 лица

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека квотата за прием на бегалци за фискалната 2021 година од 15.000 лица од времето на Трамп е зголемена на 62.500 лица

1633359
Џо Бајден квотата за прием на бегалци во 2021 од 15.000 ја зголеми на 62.500 лица

Американскиот претседател Џо Бајден квотата за прием на бегалци во фискалната 2021 година од бројката од 15.000 којашто беше утврдена од страна на бившиот претседател Доналд Трамп, ја зголеми на 62.500 мигранти.

Бајден онјави писмено соопштение во врска со квотата за прием на бегалци којашто за време на управата на Трамп беше повлечена на најниско ниво во историјата на земјата.

Информирајќи дека квотата за прием на бегалци за фискалната 2021 година е зголемена на 62.500 лица, Бајден ја изнесе следната констатација: „Квотата од 15.000 којашто беше на најсиско ниво во историјата, не ја одразуваше вистината дека Америка како нација ги прифаќа и поддржува бегалците.“

Освен тоа, американскиот претседател Џо Бајден истакна дека имаат за цел квотата за бегалци и во фискалната 2022 година да ја зголемат на 125.000.



Слични вести