Бајден вети зголемување на производството на вакцините против Ковид-19 и помагање и на другите земји

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека во име на помагање и на другите земји во светот ќе биде зголемено производството на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1633326
Бајден вети зголемување на производството на вакцините против Ковид-19 и помагање и на другите земји

Американскиот претседател Џо Бајден по посетата на две училишта во сојузната држава Вирџинија заедно со својата сопруга Џил Бајден, одржа говор пред да се врати во Вашингтон.

Бајден вети дека во име на помагање и на другите земји во светот ќе биде зголемено производството на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека по доаѓањето на власт со „Планот за вработување на САД“ и „Семејниот план на САД“ се надминати влијанијата на Ковид-19 и ја подготвуваат земјата за подобра иднина, Бајден нагласи дека во овој процес добија поголемо значење и центрите за поддршка на општеството.

Бајден подвлече дека е постигнат значаен напредок и по прашањето на вакцинацијата против Ковид-19 и рече: „Ќе го зголемиме производството на вакцините, на тој начин можеме да им помогнеме и на другите земји.“

Американскиот претседател Џо Бајден одговараше и на коментарите околу тоа дека тешко е во блиско време да се постигне имунитет на стадо во земјата.

Тој рече: „Постојат дискусии и во врска со тоа што е имунитет на стадо. Мојата молба до сите е, ве молам веднаш, сега, да се вакцинирате.“



Слични вести