Бомбашки напад во градот Тел Абјад во северна Сирија

Локалните безбедносни сили, кои го испитале местото на настанот, ја потенцираат можноста дека нападот најверојатно е извршен од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1632880
Бомбашки напад во градот Тел Абјад во северна Сирија

 

Во бомбашкиот напад во градот Тел Абјад во северна Сирија беа повредени четворица цивили.

Експлозијата се случи како резултат на активирањето на бомбата поставена на мотор во населеното место Сулук на југоистокот од Тел Абјад.

Според првите проценки, во терористичкиот напад се повредени 4 цивили.

Локалните безбедносни сили, кои го испитале местото на настанот, ја потенцираат можноста дека нападот најверојатно е извршен од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Областа Тел Абјад во северна Сирија и округот Сулук беа исчистени од тероризам со операцијата „Извор на мирот“ во октомври 2019 година.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК, од регионите Ајн Иса и Тел Темир, каде ја продолжува својата окупација, често ги таргетира регионите Тал Абјад и организира терористички напади.



Слични вести