Бројот на загинатите на киргистанско-таџикистанската граница се зголеми на 49 лица

Бројот на загинатите на киргистанско-таџикистанската граница во вооружениот судир на 29 април се зголеми на 49 лица

1632303
Бројот на загинатите на киргистанско-таџикистанската граница се зголеми на 49 лица

Бројот на загинатите во вооружениот судир на 29 април на киргистанско-таџикистанската граница се зголеми на 49 лица. 

Министерството за здравство и социјален развој на Киргистан соопшти дека бројот на загинатите киргиски граѓани во вооружениот судир на 29 април во областа Баткен се зголеми на 34, а на повредените на 173 лица.

Воедно и печатот во Таџикистан соопшти дека бројот на загинатите таџикистански граѓани во судирот се зголеми на 15 лица од кои 7 мина војници.

Таџикистанскиот печат претходно напиша дека во вооружениот судир се повредени приближно 90 таџикистански граѓани.

Инаку, кавгата помеѓу граѓаните на двете земји до којашто дојде поради спорот околу контролата на резервоарот за вода и пумпната станица во дискутабилна област на границата помеѓу Киргистан и Таџикистан, на 29 април откако интервенираа и пограничните единици на двете земји прерасна во вооружен судир во кој имаше загинати и ранети и од двете страни.

Во судирот беше причинета штета и во голем број куќи, јавни згради и работни места.

Потоа по стапувањето во акција на министрите за надворешни работи на двете земји војниците на двете страни се повлекоа во своите поранешни позиции и беше постигнат договор за решавање на проблемот по пат на преговори и беше постигнато примирје.

 



Слични вести