Во напад со возило бомба во Авганистан загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 90 мина се ранети

Во извршен напад со возило бомба вчера приквечер во провинцијата Логар во Авганистан загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 90 мина се ранети

1631841
Во напад со возило бомба во Авганистан загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 90 мина се ранети

Во напад со возило бомба во провинцијата Логар во Авганистан, според првични информации загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 90 лица се ранети. 

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Тарик Арјен истакна дека во градот Пул-и Алем центарот на провинцијата Логар вчера приквечер околу 19:00 часот по локално време е извршен напад со возило бомба. 

Претседателот на градскиот совет на Логар Хасибулах Станикзеј истакна дека нападот е извршен пред една гостилница на еден лидер на еден племенски водач.

Тој рече дека во нападот животите ги загубија најмалку 30 лица, а повеќе од 90 мина се ранети.

Истиот функционер истакна дека се стравува бројот на загинатите да биде уште поголем.

Ппд дејство на експлозијата е причинета сериозна штета и во околните куќи и работни места.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

 



Слични вести