Зариф: Се согледуваат позитивни знаци во преговорите за нуклеарниот договор во Виена

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф рече: „Интензивирани сме на мировниот план во регионот. Се согледуваат позитивни знаци во врска со Виена и разговорите во регионот.“

1631169
Зариф: Се согледуваат позитивни знаци во преговорите за нуклеарниот договор во Виена

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер направи проценка во врска со преговорите за нуклеарниот договор коишто продолжуваат во главниот град на Австрија, Виена, меѓу Иран и земјите 4+1, како и турнејата којашто ја започна за посета на регионалните земји.

Зариф истакна дека се согледуваат позитивни знаци во преговорите за нуклеарниот договор коишто се одржуваат во Виена.

Џевад Зариф информира дека заменик министерот за надворешни работи Абас Аракчи се наоѓа на чело на преговорите коишто се водат за повтроно заживување на нуклеарниот договор и дека својата турнеја по земјите во Персискиот залив ја заокружи со остварените средби со кувајтскиот премиер Сабах Халид ес-Сабах и министерот за надворшени работи Шејх Ахмед Насир.

Зариф рече: „Интензивирани сме на мировниот план во регионот. Се согледуваат позитивни знаци во врска со Виена и разговорите во регионот.“

Инаку, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во рамките на својата турнеја што ја започна оваа недела на регионот оствари официјални посети на Катар, Ирак Оман и Кувајт.



Слични вести