Стампедо за време на религиозен собир во Израел: Има најмалку 44 загинати лица и 103 повредени

Во човечко стампедо за време на собирот на планината Мерон по повод религиозниот фестивал Лаг БаОмер во Израел, загинаа најмалку 44 лица, а повеќе од 103 лица се повредени

1631150
Стампедо за време на религиозен собир во Израел: Има најмалку 44 загинати лица и 103 повредени

Во човечко стампедо за време на еврејскиот верски фестивал Лаг БаОмер во Израел загинаа најмалку 44 лица, а 103 лица се повредени.

За време на собирот на планината Мерон по полноќ, поради непознати причини, дошло до преголема гужва, метеж и човечко стампедо.

По добиени информации дека во стампедото има повредени на местото на прославите беа испратени 6 амбулантни возила и голем број медицински екипи.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека станува збор за „голема катастрофа“.

Тој рече: „Сите се молиме за жртвите.“

Според веста објавена во израелскиот весник „Џерусалем пост“, во човечкото стампедо за време на собирот животите ги загубија 44 лица, а 103 лица се повредени од кои здравствената осостојба на 44 повредени е тешка.

Како што се истакнува, на местото на инцидентот е изградена теренска болница и дека поради преголема гужва се доживува проблем во телефонската комуникација.

Исто така се соопштува дека израелската полиција започнала истрага во врска со стампедото.



Слични вести