Европскиот Парламент го усвои буџетот на Европскиот фонд за одбрана во износ од 7,9 милијарди евра

Фондот за одбрана од 7,9 милијарди евра на Европската унија ќе обезбеди кофинансирање на проектите за заедничко истражување и развивање на способноста, а воедно ќе ги зголеми националните инвестирања на земјите членки на Унијата

1631165
Европскиот Парламент го усвои буџетот на Европскиот фонд за одбрана во износ од 7,9 милијарди евра

Европскиот Парламент (ЕП) го усвои буџетот на Европскиот фонд за одбрана (ЕДФ) во износ од 7,9 милијарди евра со цел поддршка на одбранбената соработка во Европската унија (ЕУ).

Фондот за одбрана од 7,9 милијарди евра на Европската унија (ЕУ) за периодот 2021-2027 година, ќе обезбеди кофинансирање на проектите за заедничко истражување и развивање на способноста, а воедно ќе ги зголеми националните инвестирања на земјите членки на Унијата.

Европската унија (ЕУ) со искористување на овој фонд има за цел да ја зајакне својата основа на иновативна и конкурентна одбранбена индустрија, а освен тоа да го унапреди својот технолошки суверенитет.

Едната од целите на фондот е и да бидат собрани на исто место изворите и да се интегрира пазарот на одбранбената индустрија и со тоа да се обезбеди да се добие поголем дел од инвестирањата на земјите членки.

Инаку, тоа што постојат сериозни разлики во системите за одбрана на земјите на Европската унија (ЕУ) и недостатокот од интегриран систем, се покажува како една од препреките пред европската одбрана.



Слични вести