Џамијата Ибни Сина во градот Рен во Франција по втор пат цел на антиисламски и расистички напад

Џамијата Ибни Сина во градот Рен во областа Бретања во Франција по втор пат за 20 дена беше цел на антиисламски и расистички напад

1631713
Џамијата Ибни Сина во градот Рен во Франција по втор пат цел на антиисламски и расистички напад

Џамијата Ибни Сина во градот Рен во областа Бретања во северозападниот дел на Франција по втор пат за 20 дена беше цел на антиисламски и расистички напад. 

Синоќа на ѕидовите на џамијата се напишани исламофобични изрази „Французи разбудете се“, „Ве предупредивме, мигрантството убива“ и „Не за исламизација“.

Францускиот исламски совет (CFCM) и Координацискиот комитет на турските муслимански здруженија во Франција (CCMTF), го осудија расистичкиот и антиисламистичкиот напад врз џамијата.

Џамијата Ибни Сина во градот Рен беше цел на сличен напад и на 11 април кога на нејзиниот ѕид беа напишани антиисламски написи и беше нацртан крст.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин истакна дека овие написи се неприфатливи и ја посети џамијата.

На 9 април ноќта беше подметнат пожар и во џамијата Аррахма во градот Нант во Франција.

 



Слични вести