САД поради безбедносни причини го повлекуваат својот дипломатски персонал од Авганистан

Во објавеното соопштение од Стејт департментот исто така се упатува повик до американските граѓани да не патуваат за Авганистан, ѝ поради новиот тип коронавирус (Ковид-19), ѝ поради безбедносни причини

1629616
САД поради безбедносни причини го повлекуваат својот дипломатски персонал од Авганистан

Американскиот Државен секретаријат изнесувајќи ги како причина растечките бебзедносни закани побара од својот дипломатски персонал за кој не е задолжително да се наоѓа во Авганистан да ја напушти оваа земја.

Во објавеното соопштение од Стејт департментот исто така се упатува повик до американските граѓани да не патуваат за Авганистан, ѝ поради новиот тип коронавирус (Ковид-19), ѝ поради безбедносни причини.

На американските граѓани кои пак сакаат да го напуштат Авганистан, во соопштението им се препорачува што поскоро да ја напуштат оваа земја, се укажува на растечките напади во оваа земја коишто освен против авганистанските сили се насочени и против американските сили, како и на елементите на закана коишто постојат како што се „тероризмот“, „киднапирањето“ и „вооружениот судир“.

Инаку, американскиот претседател Џо Бајден претходно соопшти дека американските војници чиј број во Авганистан изнесува некаде околу 2.500 почнувајќи од 1 мај заклчуно со 11 септември ќе бидат целосно повлечени од оваа земја.

 



Слични вести