Пентагон не очекува изјавата на Бајден да влијае врз воените односи со Турција

Турција е сојузник на НАТО и е важен сојузник

1628934
Пентагон не очекува изјавата на Бајден да влијае врз воените односи со Турција

Портпаролот на Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (Пентагон) Џон Кирби рече дека не очекуваат изјавата на претседателот Џо Бајден во врска со случувањата од 1915 година, да влијаат врз воените односи со Турција.

Портпаролот Џон Кирби одговараше на прашања на дневната прес-конференција. На прашањето: „Дали оценката на претседателот Џо Бајден за случувањата од 1915 година како „геноцид“ ќе влијае на воените односи меѓу двете земји?“ Кирби одговори: „Не, не очекуваме промена во нашите воени односи со Турција. Турција е сојузник на НАТО и е важен сојузник. Продолжуваме да ги спроведуваме односите во различни области и теми и да ги развиваме односите. Не очекуваме изјавата на претседателот Бајден да влијае на кој било начин“.

Кирби рече дека како резултат на изјавата на Бајден, нема да има промени во нивните активности во Сирија и дека целта им е борбата против терористичката организација ДАЕШ да ја водат со мал број војници.



Слични вести