Од март 2020 година досега во подрачјето на Идлиб се вратија повеќе од 561.000 цивили

Директорот на Координацијата за делување во Сирија Мухамед Халаџ информира дека од 6 март 2020 година кога стапи во сила прекинот на огнот досега во своите домови во подрачјето на градот Идлиб и руралното подрачје на Алепо се вратија 561.764 цивили

1629335
Од март 2020 година досега во подрачјето на Идлиб се вратија повеќе од 561.000 цивили

По постигнатиот прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија помеѓу Турција и Русија во март 2020 година, досега во своите домови во подрачјето се вратија повеќе од 561 илјада цивили. 

Мухамед Халаџ, директорот на Координацијата за делување во Сирија која води активности во врска со податоците за миграцијата во подрачјето на Идлиб, истакна дека со продолжување во основа на средината на доверба цивилите продолжуваат да се враќаат назад во своите домови во подрачјето.

Велејќи дека со стопирање на воените операции на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи цивилите се враќаат во своите домови во областите од кои претходно беа приморани да се иселат, Халаџ рече: „Од 6 март 2020 година кога стапи во сила прекинот на огнот досега во своите домови во подрачјето на градот Идлиб и руралното подрачје на Алепо се вратија 561.764 цивили.“

Халаџ појасни дека лицата кои се враќаат назад во своите домови во голема мера имаат потреба од помошта на граѓанските организации.

Тој предупреди дека луѓето треба да бидат внимателни и пред остатоците од неексплодирани бомби во местата во кои се враќаат, а воедно нагласи дека поради овие бомби доаѓа до човечки загуби и ранувања.

Доколку продолжи прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија се очекува да се вратат назад во своите домови уште поголем број цивили.



Слични вести