Се тврди дека Велика Британија размислува да ја признае Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Во веста објавена од страна на британскиот весник „Де Сандеј Експерс“ се исткнува дека Велика Британија размислува да ја признае Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1628301
Се тврди дека Велика Британија размислува да ја признае Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Се тврди дека Велика Британија размислува да ја признае Турската Република Северен Кипар (ТРСК) како независна земја.

Во веста на британскиот весник „Де Сандеј Експерс“ (The Sunday Express) ослонувајќи се на извори блиски со владата на Борис Џонсон, се истакнува дека се чекаат неформалните разговори посветени на Кипар коишто ќе се одржат на 27-29 април во швајцарскиот град Женева.

Како што се наведува доколку не произлезе компромис од состанокот, Велика Британија официјално ќе ја признае Турската Република Северен Кипар (ТРСК) како независна земја. Се привлекува внимание дека тоа ќе претставува чекор со којшто ќе се воспостави рамнотежата меѓу страните на островот.

Според британскиот весник „Де Сандеј Експерс“, во случај на официјално признавање ќе започнат директните летови помеѓу Велика Британија и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Во веста се нагласува дека доколку бидат започнати директните летови Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе стане популарно одморалиште за Британците.

 



Слични вести