Бројот на загинатите на протестите во Мјанмар се зголеми на 745 лица

Бројот на загинатите цивили за време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите во Мјанмар со смртта на уште 6 лица во последните 24 часа, се зголеми на 745 лица

1627368
Бројот на загинатите на протестите во Мјанмар се зголеми на 745 лица

Продолжуваат протестите против воениот удар и притворањето на избраните членови на Владата во Мјанмар.

Бројот на загинатите цивили за време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите со смртта на уште 6 лица во последните 24 часа, се зголеми на 745 лица.

Во дневниот извештај на Организацијата за помош на политичките затвореници во Мјанмар (AAPP) се истакнува дека во последните 24 часа е потврдена смртта на уште 12 лица, со што вкупниот број на човечките загуби е ажурирано на 726 лица.

Како што се дознава, меѓу лицата кои ги загубија животите вчера е и едно 14 годишно девојче застрелано со оружје во главата за време на интервенцијата на армијата врз протестирачите.

Од друга страна, учениците противници на воениот удар протестираа против поканата на лидерот на воената влада генерал Мин Аунг Хлаинг на Лидерскиот самит на Асоцијацијата на југоисточни азиски нации (АСЕАН) што се одржува денеска во Индонезија.

Десетици илјади ученици кои се собраа во Јангон се спротивставија на воениот удар извикувајќи слогани "Сакаме демократија". 

Притестирачите носеа транспаренти со поддршка на Владата на национално единство којашто е формирана на 16 април од страна на пратениците против воениот удар, против борбата власт. 

Инаку, Армијата на Мјанмар откако политичките групи блиски со неја ги изнесоа тврдењата за измама на одржаните избори на 8 ноември 2020 година по што дојде до зголемување на политичката тензија, на 1 февруари изврши воен удар и ја презеде власта во земјата.

Војската притвори голем број владини функционери на чело со лидерот на земјата, премиерката и министерката за надворешни работи Аунг Сан Су Чи и голем број функционери на владејачката партија, а исто така беше прогласена едногодишна вонредна состојба.

По ваквиот развој, народот во Мјанмар на 6 февруари започна протести со барање за враќање кон демократија.

Додека сеуште продолжуваат протестите во Мјанмар со широко учество на кои учествуваат голем број граѓани продолжува и судењето во воените судови на притворените високи владини функционери.

 



Слични вести