Путин изрази подготвеност за средба со Зеленски

Ако Зеленски сака да започне со обнова на односите, ние ќе бидеме само задоволни

1626802
Путин изрази подготвеност за средба со Зеленски

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за билатералните односи со украинскиот претседател Владимир Зеленски може да разговара во Москва.

Пред средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во палатата Кремљ, Путин одговори на прашањето на новинарот на предлогот на Зеленски да се сретне во Донбас.

Бранејќи го ставот дека актуелната украинска администрација во последно време презеде чекори за уништување на односите меѓу Русија и Украина, Путин изјави дека тие директно влијаат на билатералните односи, Руската православна црква, рускиот јазик и народите кои говорат на руски јазик во Украина и дека им е жал за тоа. „Ако Зеленски сака да започне со обнова на односите, ние ќе бидеме само задоволни“ рече Путин.

Ако сака да оствари средба во врска со Донбас, Путин на Зеленски му предложи прво да се сретне со претставниците на сепаратистите и потоа да преговара за овој проблем со Русија. „Ако прашањето се однесува на билатералните односи, тогаш можеме да се сретнеме во Москва, во некое поволно време за Зеленски“ рече Путин.



Слични вести