Зеленски разговараше телефонски со Гутерес за состојбата во источниот дел на Украина

Во разговорот, беа разгледани безбедносната состојба во источниот дел на Украина и военото натрупување на Русија

1626263
Зеленски разговараше телефонски со Гутерес за состојбата во источниот дел на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Во разговорот, беа разгледани безбедносната состојба во источниот дел на Украина и военото натрупување на Русија.

Зеленски му се заблагодари на Гутерес за доставената поддршка на суверенитето и територијалниот интегритет на Украина, а воедно привлече внимание и на значењето на Мисијата на Обединетите нации (ОН) за набљудување на човековите права на Крим и во Донбас.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во телефонскиот разговор воедно се осврнаа и на праведната набавка на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и иницијативата Кримска платформа што ќе се одржи во август.



Слични вести