Столтенберг: Самитот на НАТО ќе се одржи на 14 јуни во штабот во Брисел

Столтенберг во објавеното писмено соопштение истакна дека Самитот во јуни ќе претставува  единствена можност за зајакнување на „НАТО, како олицетворение на врската меѓу Европа и Северна Америка“

1626379
Столтенберг: Самитот на НАТО ќе се одржи на 14 јуни во штабот во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека Самитот на НАТО ќе се одржи на 14 јуни во штабот во главниот град на Белгија, Брисел.

Столтенберг во објавеното писмено соопштение истакна дека Самитот во јуни ќе претставува  единствена можност за зајакнување на „НАТО, како олицетворение на врската меѓу Европа и Северна Америка“.

Генералниот секретар Столтенберг истакна дека на Самитот, лидерите на земјите сојзунички ќе донесат одлуки во однос на прашања како што се агресивните активности на Русија, терористичките закани, кибернападите, технологиите коишто се во подем и се разурнавачки, безбедносните влијанија на климатските промени и подемот на Кина.

Последниот Самит на НАТО на кој се состанаа шефовите на држави и премиерите на земјите членки на НАТО, се одржа во 2018 година, во Брисел.

Од формирањето на Алијансата досега се одржани вкупно 28 самити.

Состаноците на Самитот на НАТО се одржуваат во една од сојузничките земји и со Самитот претседава генералниот секретар на НАТО.

 



Слични вести