Дујарич: ОН со внимателност и загриженост ја следат здравствената состојба на Навални

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, Стефан Дујарич, рече: „Се надеваме дека руските надлежни ќе му го обезбедат неопходниот медицински третман на Навални за да не дојде до влошување на неговата здравствена состојба“

1626022
Дујарич: ОН со внимателност и загриженост ја следат здравствената состојба на Навални

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Стефан Дујарич, на редовниот дневен брифинг за претставниците на печатот истакна дека ја следат одблизу со внимателност и загриженост здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Дујарич рече: „Се надеваме дека руските надлежни ќе му го обезбедат неопходниот медицински третман на Навални за да не дојде до влошување на неговата здравствена состојба.“

Судот во Москва на 2 февруари претходно изречената условна затворска казна на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за проневера од 3,5 години, пресметувајќи го и времето поминато во притвор, ја пренамени во затворска казна од 2,5 години.

Потоа Навални на 31 март соопшти дека започнал штрајк со глад поради тоа што надлежните го одбиле неговото барање за лечење во затворот во кој се наоѓа.

Неговата екипа предупреди дека според резултатите од направените анализи Навални наскоро може да го загуби животот и побара да му се укаже соодветна медицинска помош.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше уапсен во јануари откога се врати во Русија, по петмесечното лекување во Германија од труење со хемиски отровен гас „новичок“, а во врска со за што се обвинува рускиот претседател Владимир Путин.



Слични вести