Амбасадорот на САД во Москва Џон Саливан се врати во својата земја на консултации

Според веста на руската новинска агенција „ТАСС“, американскиот амбасадор Саливан утрово од аеродромот Шереметјево во Москва полета за Вашингтон

1626460
Амбасадорот на САД во Москва Џон Саливан се врати во својата земја на консултации

Амбасаодорот на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Саливан во Москва се врати во својата земја на консултации.

Според веста на руската новинска агенција „ТАСС“, американскиот амбасадор Саливан утрово од аеродромот Шереметјево во Москва полета за Вашингтон.

Американскиот претседател Џо Бајден, во врска со рускиот претседател Владимир Путин го употреби изразот „убиец“ и рече дека Путин ќе „плати сметка“ поради интервенцијата на изборите во САД.

Потоа, руското министерство за надворешни работи на 17 март го повика својот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов да дојде во Москва на консултации .

Советникот за надворешна поолитика на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Јуриј Ушаков, исто така му препорача на амбасадорот на САД во Москва Џон Саливан да се врати во Вашингтон на консултации.

Потоа, САД на 19 април соопштија дека амбасаодорот во Москва Саливан на крајот на неделата дојде во Вашингтон на консултации, а потоа повторно ќе се врати во Москва. 

 



Слични вести