Борел: Се гледа светлина за напредок во разговорите за нуклеарната програма на Иран

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека се гледа  светлина за напредок во разговорите за нуклеарната програма на Иран

1624488
Борел: Се гледа светлина за напредок во разговорите за нуклеарната програма на Иран

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на одржаната прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи преку видео-конференција, истакна дека се гледа  светлина за напредок во разговорите за нуклеарната програма на Иран.

Борел појасни дека позитивно напредуваат разговорите коишто продолжуваат во главниот град на Австрија, Виена, по прашањето на враќање на Соединетите Американски Држави (САД) на нуклеарниот договор за негово повторно целосно применување, а кој беше потпишан меѓу Иран и глобалните сили во 2015 година и од кој САД се повлекоа во 2018 година.

Велејќи „Се гледа светлина за напредок во разговорите“, Борел напомена дека враќањето на Соединетите Американски Држави (САД) на нуклеарниот договор за неговото целосно применување, ќе го направи светот побезбеден.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, исто така додаде дека ѝ САД ѝ Иран се желни за постигнување на соодветен договор.

Тој рече: „И кај двете страни постои волја за постигнување на соодветен договор.“



Слични вести