Целосна поддршка од министрите за надворешни работи на ЕУ на Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел рече: „Пораката на министрите за надворешни работи на ЕУ е многу јасна. Ја потврдуваме нашата целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.“

1624325
Целосна поддршка од министрите за надворешни работи на ЕУ на Украина

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ) соопштија дека по зголемувањето на военото присуство на Русија на границата на Украина и на Крим се во целосна солидарност со управата во Киев.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на одржаната прес-конференција по одржаниот состанок на министрите за надворешни работи преку видео-конференција, истакна дека детално беше разговарано за прашањата на Украина и Русија.

Велејќи дека на состанокот учествуваше и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба од чија страна беа информирани министрите за надворешни работи на ЕУ, Борел појасни дека Европската унија (ЕУ) е загрижена поради руската воена раздвиженост и воено присуство на границата на Украина и на Крим.

Борел информира дека на границата на Украина се испратени 150 илјади руски војници и дека тоа претставува најголемо воено натрупување досега на руската армија на границата на Украина и на Крим којшто е незаконски анектиран во 2014 година.

Велејќи дека руската армија освен свои војници на границата испраќа и голем број други елементи како што се воена опрема, возила и техничка опрема и теренски болници., Борел го повтори повикот до Русија за намалување на затегнатоста и повлекување на своите војници. 

„Пораката на министрите за надворешни работи на ЕУ е многу јасна. Ја потврдуваме нашата целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.“ - рече Борел.

Запрашан дали ќе се применуваат нови санкции кон Русија како што бара Украина, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел информира дека во моментов нема да применуваат нови санкции кон Русија и дека состојбата може да се промени.

 



Слични вести