Русија протера 20 чешки дипломати

Aмбасадорот на Чешка во Москва, Витезслав Пивонка беше повикан во министерството и му беше врачена нота

1623814
Русија протера 20 чешки дипломати

Руското Министерство за надворешни работи одлучи да депортира 20 дипломати кои работат во амбасадата на Чешка во Москва.

Во писменото соопштение објавено од руското Министерство за надворешни работи беше истакнато дека амбасадорот на Чешка во Москва, Витезслав Пивонка беше повикан во министерството и му беше врачена нота.

Во соопштението беше истакнато дека на Пивонка му беше врачена нота во која жестоко се протестира непријателското однесување на чешките власти кон вработените во руската дипломатска мисија во Прага: „Амбасадорот Пивонка беше информиран дека 20 вработени во чешката амбасада во Москва се прогласени за„ непожелни личности“. Од вработените беше побарано до крајот на 19 април да ја напуштат територијата на Русија“.

Вчера, чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека 18 руски дипломати работеле за руската разузнавачка служба и дека има сериозни сомневања дека земјата е поврзана со експлозија во складиште за муниција во регионот на Јужна Моравија во 2014 година, со што најави дека било доставено барање до 18 руски дипломати земјата да ја напуштат во рок од 48 часа.



Слични вести