Украина ќе одговори на одлуката на Русија за приведување на конзулот во Санкт Петербург

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека се осудува приведувањето на конзулот во Санкт Петербург Александр Сосонјук и истакна дека тоа претставува руска провокација

1623278
Украина ќе одговори на одлуката на Русија за приведување на конзулот во Санкт Петербург

Украина соопшти дека како одговор на одлуката на Русија за депортирање на украинскиот конзул во Санкт Петербург Александр Сосонјук, ќе го депортира искусниот дипломат на Русија во Амбасадата во Киев.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Украина се истакнува дека се отфрлуваат обвинувањата коишто му се препишуваат на конзулот на Санкт Петербург Александр Сосонјук.

Во соопштението се вели дека се осудува приведувањето на Сосонјук и се нагласува дека Русија ја прекрши Виенската конвенција за дипломатски односи од Виена од 1961 година.

Се наведува дека како одговор на оваа "провокација" искусниот дипломат на Амбасадата на Русија во Киев почнувајќи од 19 април во рок од 72 часа треба да ја напушти Украина.

Инаку, Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија го приведе украинскиот конзул во Санкт Петербург Александр Сосонјук поради "обезбедување на тајни информации".

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко пак, приведувањето на Сосонјук го окарактеризира како "руска провокација" и соопшти дека ќе одговорат на тоа.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека е донесена одлука за депортирање на украинскиот конзул во Санкт Петербург Александр Сосонјук кој е приведен поради "обезбедување на тајни информации".

 



Слични вести