Чешка одлучи да протера 18 руски дипломати поради поврзаност со експлозија во 2014 година

чешкиот премиер Андреј Бабиш рече дека 18-те руски дипломати работеле за руската разузнавачка служба и дека постојат серозни сомневања во однос на тоа дека се поврзани со експлозијата во 2014 година во еден магацин за муниција

1623416
Чешка одлучи да протера 18 руски дипломати поради поврзаност со експлозија во 2014 година

Чешка протера 18 руски дипломати со образложение дека биле поврзани со експлозијата што се случи во 2014 година во која загинаа две лица и беа евакуирани стотици лица од областа.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш истакна дека одлуката за протерување на дипломатите е донесена врз основа на „недвосмислени докази“ обезбедени од припадници на чешките разузнавачки и безбедносни служби дека постои „основано сомневање“ за улогата на руското воено разузнавање во експлозијата.

Бабиш рече дека 18-те руски дипломати работеле за руската разузнавачка служба и дека постојат серозни сомневања во однос на тоа дека се поврзани со експлозијата што се случи во 2014 година во еден магацин за муниција во Врбетице, во областа Јужна Моравија.

Велејќи дека вицепремиерот Јан Хамачек одлуката за протерување на руските дипломати ја доставил до Амбасадата на Русија во Прага, Бабиш рече дека оваа одлука е споделена и со претседателот Милош Земан.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш додаде дека од руските дипломати е побарано во рок од 48 часа да ја напуштат земјата.

Инаку, во експлозијата којашто се случи во Врбетице во областа Јужна Моравија во 2014 година животите ги загубија две лица, а стоитци лица беа евакуирани од областа.



Слични вести