Руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) го приведе украинскиот конзул во Санкт Петербург

Руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) наведува дека украинскиот конзул во Санкт Петербург Александр Сосонјук е фатен на дело при обезбедување на тајни информации од анонимен руски граѓанин во врска со безбедносните служби

1623267
Руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) го приведе украинскиот конзул во Санкт Петербург

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија го приведе украинскиот конзул во Санкт Петербург Александр Сосонјук поради "обезбедување на тајни информации".

Во објавеното соопштение од Федералната служба за безбедност (ФСБ) се тврди дека украинскиот конзул во Санкт Петербург Александр Сосонјук е фатен на дело при обезбедување на тајни информации од анонимен руски граѓанин во врска со безбедносните служби.

Во соопштението во кое се истакнува дека Сосонјук е приведен се вели следното: „Овој чин не е во усогласност со статусот на дипломат и јасно е дека тоа е во непријателско својство кон Руската Федерација.“

 



Слични вести