САД со предупредување и повик до Русија

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, на одржаниот дневен состанок за печатот направи проценка на актуелниот дневен ред

1622326
САД со предупредување и повик до Русија

Соединетите Американски Држави (САД) ја предупредија Русија дека „поради грешките што ги прави ќе се соочи со нови санкции“  и ја дадоа пораката дека „цел на САД е да се воспостави предвидлива и стабилна врска со Русија“.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, на одржаниот дневен состанок за печатот направи проценка на актуелниот дневен ред.

Осврнувајќи се на тоа дека американското разузнавање стигна до „доверливи резултати од ниско до средно ниво“ во однос на тоа дека Русија му предложила пари на Талибан за убивање на американските војници во Авганистан, Псаки рече: „Дури и овој извештај претставува извор за доволна загриженост за нас.“

Џен Псаки во врска со ова прашање го рече следното: „Секако дека не прифаќаме нашиот персонал да биде поставен на мета од страна на било која странска земја, актер. Овој разузнавачки резултат и наметнува товар на Русија. Руската Влада треба да ја соопшти својата врска со Талибан.“

Велејќи дека соопштените санкции вчера кон Русија се „пропорционални“ и дека доколку Русија фрли „погрешни чекори“ на нив можат да бидат додадени нови, Псаки рече: „Меѓутоа, нашата надеж е да се напредува со предвидлива и стабилна врска. Ќе одговориме на дејствата за коишто ќе почувствуваме дека се неприфатливи и тоа ќе има свој резултат.“

Псаки одговори и на тврдењата околу тоа дека на барање на германската канцеларка Ангела Меркел кон соопштените санкции врз Русија не е додаден проектот „Северен тек 2“, во врска со што рече: „Ние мислиме дека тој договор е лош. САД ја задржуваат опцијата за воведување на повеќе санкции.“

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки се осврна и на поканата на претседателот Џо Бајден до рускиот претседател Владимир Путин за време на одржаниот телефонски разговор на 13 април за состанување на „самит во трета земја“ и тоа го прокоментира со зборовите: „Оваа наша покана сеуште важи. Мислиме дека доколку се оствари овој самит тоа ќе биде добар чекор за во иднина.“

На едно поставено прашање во врска со билансот од кибер нападот „Соларвиндс“ (Solarwinds) извршен против официјалните институции на САД зад којшто се тврди дека се наоѓа Русија, Псаки ја изнесе следната констатација: „По ова прашање засега располагаме со многу малку информации. Меѓутоа, мислиме дека во овој напад е инфилтрирано во нашиот синџир на снабдување и дека би можело да е влезено во повеќе од 16 илјади компјутери.“

Велејќи дека овој напад создаде загриженост за нациоанлната и јавната безбедност, Џен Псаки го додаде следното: „Ако погледнеме кон несовесниот став на Русија во кибер сферата во минатото и што се би можела да направи, нашите грижи по ова прашање се зголемуваат.“

 



Слични вести