Портпаролот на ОН Стефан Дујарич: Потребна е соработка помеѓу Русија и САД

Портпаролот на ОН Стефан Дујарич во врска со новите санкции на САД кон Русија и повикувањето на амбасадорот на САД во Москва во руското МНР рече: „Многу добро знаеме за затегнатоста помеѓу САД и Русија и чекорите коишто се преземаат по ова прашање“

1622324
Портпаролот на ОН Стефан Дујарич: Потребна е соработка помеѓу Русија и САД

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич на одржаниот редовен дневен брифинг за печатот истакна дека постои потреба од соработка помеѓу Русија и Соединетите Американски Држави (САД).

Дујарич во врска со новите санкции на САД кон Русија и повикувањето на амбасадорот на САД во Москва во руското министерство за надворешни работи го рече следното: „Многу добро знаеме за затегнатоста помеѓу САД и Русија и чекорите коишто се преземаат по ова прашање.“

„Продолжуваме да го подвлекуваме тоа дека е потребна соработка помеѓу САД и Русија, како земји со многу силно влијание над светот денеска, и тоа дека нивното значење во светот е особено тоа што се две постојани членки на Советот за безбедност. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за поддржување на оваа соработка.“ - рече портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич.



Слични вести