Бројот на загинатите на протестите во Мјанмар се зголеми на 726 лица

Бројот на загинатите на протестите против воениот удар во Мјанмар се зголеми на 726 лица, 3.151 лицe се притворени, а во врска со 813 лица противници на воениот удар се издадени потерници за нивно приведување

1622359
Бројот на загинатите на протестите во Мјанмар се зголеми на 726 лица

Продолжуваат протестите против воениот удар и притворањето на избраните членови на Владата во Мјанмар.

Бројот на загинатите за време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите се зголеми на 726 лица.

Во дневниот извештај на Организацијата за помош на политичките затвореници во Мјанмар (AAPP) се истакнува дека во последните 24 часа е потврдена смртта на уште 12 лица, со што вкупниот број на човечките загуби е ажурирано на 726 лица.

Во извештајот се вели дека исто така се држат во притвор 3.151 лицe и дека во врска со 813 лица противници на воениот удар се издадени потерници за нивно приведување.

Како што се наведува 36 мина од притворените лица во последните 24 часа се активисти кои ги организираат протестите.

Од друга страна, Претставничкиот комитет на Националното Собрание (CRPH) формиран од страна на пратениците противници на воениот удар во Мјанмар за враќање на цивилната Влада денеска ќе го соопшти кабинетот на привремената цивилна Влада којашто извесно време планира да ја формира.

Еден член на CRPH кој говореше за интернет страницата „Myanmar Now“, го утврдиле кабинетот на привремената Влада согласно Федералниот демократски договор прогласен на 31 март и дека кабинетот ќе се состои од личности избрани со гласовите на народот.

 



Слични вести