САД го одложи преминот на бродовите низ Босфор

Амбасадата на САД во Анкара, го информираше Министерството за надворешни работи со релевантни информации.

1621631
САД го одложи преминот на бродовите низ Босфор

Соединетите Американски Држави (САД) го повлекоа своето дипломатско известување до Турција за премин на своите бродови низ Босфор до Црното Море.

Дипломатски извори истакнаа дека двата американски воени бродови за кои беше поднесено дипломатско известување за премин преку Босфор и излез на Црното Море и дека амбасадата на САД во Анкара, го информираше Министерството за надворешни работи со релевантни информации.

Според информациите од други службени лица, овие премини беа откажани и сè уште не е доставено известување за можни нови премини на американските бродови.

Според извори од МНР, согласно договорот од Монтре од 1936 година, за преминот на двата американски воени брода низ морскиот теснец Босфор на 14 и 15 април кои ќе пловеа кон Црното Море, 15 дена претходно биле известени преку дипломатски канали. Нивното враќање се очекуваше да се оствари на 4 и 5 мај.



Слични вести