Либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе во посета на Москва

Премиерот на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе во Москва кадешто отпатува на средба со рускиот премиер Михаил Мишустин, најпрвин се состана со секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев

1622190
Либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе во посета на Москва

Премиерот на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе отпатува во посета на Москва на средба со рускиот премиер Михаил Мишустин.

Дибејбе најпрвин се состана со секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со кого разговараа за соработката помеѓу разузнавачките служби и борбата против терористичките групи на териториите на Либија.

Во објавеното соопштение од Советот за безбедност на Русија се истакнува следното: „Нагласено е дека во рамките на овој вид на соработка главниот фокус треба да биде насочен на борбата против терористичките групи и на спречувањето овие групи да пуштат корења на териториите на Либија.“ 

Во текстот на соопштението се вели следното: „Нагласувајќи го значењето на развојот на дијалог помеѓу разузнавачките служби и силите за спроведување на законот, беа разгледани прашањата за соработка помеѓу Русија и Либија во сферата на безбедноста.“



Слични вести