САД планираат пред 11 септември да ги повлечат своите војници од Авганистан

Еден анонимен американски висок функционер рече: „Пред 1 мај ќе го започнеме процесот на постепено повлекување и пред 11 септември (на 20-годишнината од нападите на Ал Каеда во САД) планираме да ги повлечеме сите војници на САД во оваа земја“

1620758
САД планираат пред 11 септември да ги повлечат своите војници од Авганистан

Потврдена информацијата дека американската управа планира пред 11 септември оваа година да ги повлече сите свои војници од Авганистан.

Еден анонимен американски висок функционер во дадената изјава за новинарите го истакна следното: „По процес на ригорозно испитување претседател Бајден одлучи да бидат повлечени војниците од Авганистан и конечно да биде завршена војната на САД во Авганистан.

Пред 1 мај ќе го започнеме процесот на постепено повлекување и пред 11 септември (на 20-годишнината од нападите на Ал Каеда во САД) планираме да ги повлечеме сите војници на САД во оваа земја.“

Истиот функционер истакна дека амеирканскиот претседател Џо Бајден оваа своја одлука ќе ја соопшти денеска.

Укажувајќи дека земјите членки на НАТО ќе ги повлечат своите војници во текот на сличен процес, американскиот висок функционер рече: „И на Талибан му рековме дека ќе се соочи со силен одговор при евентуален напад врз американските сили за време на постепеното и безбедно повлекување.“

Функционерот додаде дека во Авганистан ќе останат само безбедносни сили коишто ќе бидат доволни за одбрана на американските дипломатски претставништва.



Слични вести