Руската флота започна воена вежба во Црното Море

На воената вежба којашто започна пред очекуваното пристигнување на американски воени бродови во Црното Море учествуваат бродови и хеликоптери од руската црноморска флота на Крим

1621346
Руската флота започна воена вежба во Црното Море

Руската флота, пред воените бродови на Соединетите Американски Држави (САД) да пристигнат во регионот започнаа воена вежба во Црното Море.

Според добиени информации од новинските агенции, на воената вежба учествуваат бродови и хеликоптери од руската црноморска флота на Крим.

На воената вежба ќе бидат реализирани пробни истрели врз поставени цели во морето и во воздух.

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека испратија два свои воени бродови коишто ќе бидат распоредени во Црното Море.

Овој чекор уследи откако Русија почна да натрупува воени единици на границата со Украина и на Крим.

Заменик рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, испраќањето на свои воени од страна на САД во Црното Море го окарактеризира како „провокација“.



Слични вести