Министрите на земјите на НАТО ќе разговараат за руско-украинската затегнатост

Mинистрите за одбрана и надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска ќе одржат состанок преку видео-конференција посветен на присутната руско-украинска затегнатост

1620755
Министрите на земјите на НАТО ќе разговараат за руско-украинската затегнатост

По зголемувањето на воената раздвиженост и натрупувањето војска од страна на Русија на границата со Украина, министрите за одбрана и надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска ќе одржат состанок преку видео-конференција.

Според објавеното соопштение од НАТО, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и американскиот државен секретар Антони Блинкен ќе се состанат со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во Штабот на Сојузот во главниот град на Белгија, Брисел.

Во соопштението се истакнува дека по оваа средба, со учество на министрите за одбрана и надворешни работи ќе се одржи состанок на Северноатлантскиот совет преку-видеоконференција.

На овој состанок, ќе учествуваат и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Антони Блинкен.

Инаку, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера во Брисел се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, исто така вчера во Штабот на НАТО во Брисел имаше средба со украинскиот министер за надворешни работи Кулеба на кого му ја достави непоколебливата поддршка на САД на Украина против растечката агресивност на Русија.



Слични вести