Борел и Блинкен разговараа за најновите случувања во руско-украинската затегнатост

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараа за најновите случувања во руско-украинската затегнатост

1620820
Борел и Блинкен разговараа за најновите случувања во руско-украинската затегнатост

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараа за најновите случувања во руско-украинската затегнатост. 

Според објавеното соопштение од канцеларијата на Борел, двајцата соговорници разговараа за воената раздвиженост со зголемување на руската воена моќ на границата на Украина и во Крим, при што Борел ја изнесе длабоката загриженост којашто се чувствува поради зголемувањето на военото натрупување на руските сили во последните недели.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен, воедно размениле мислења и во врска со кризата којашто продолжува во Етиопија.

Борел и Блинкен исто така разговараа и за последната состојба во одржаните разговори по прашањето на повторното целосно применување на постигнатиот нуклеарен договор меѓу Иран и западните земји.

 



Слични вести