Бајден ја повика Русија да ја намали тензијата на границата со Украина и предложи средба со Путин

Американскиот претседател Бајден ја изнесе својата загриженост поради ненадејното зголемување на воената моќ на Русија на границата на Украина, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја намали затегнатоста и предложи средба со него во трета земја

1620750
Бајден ја повика Русија да ја намали тензијата на границата со Украина и предложи средба со Путин

Соединетите Американски Држави (САД) пристигна и повик до Русија која ја зголемува затегнатоста на границата со Украина...

Американскиот претседател Џо Бајден ја изнесе својата загриженост поради ненадејното натрупување војска од страна на Русија на границата на Украина и го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја намали затегнатоста.

Во објавеното соопштение од Белата Куќа се истакнува дека американскиот претседател Џо  Бајден оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Во соопштението се укажува дека во разговорот биле разгледани бројни регионални и глобални прашања и се истакнува дека претседателот Бајден јасно ставил до знаење дека САД ќе дејствуваат одлучно за заштита на своите национални интереси и ќе одговорат на активностите на Русија како што се кибернападите и интервенцијата на изборите (во САД).

Во соопштението се вели следното: „Бајден, ја потцрта недвосмислената заложба на САД за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Ги изнесе нашите грижи поради ненадејното зголемување на руската воена моќ на окупираниот Крим и на границата со Украина и ја повика Русија да ја намали затегнатоста.“ 

Исто така во соопштението на Белата куќа се истакнува дека американскиот претседател Џо Бајден има за цел во правец на интересите на САД да се „воспостави стабилна и предвидлива врска со Русија“, а воедно се подвлекува и следното: „Бајден му предложи на Путин одржување на самит меѓу двајцата лидери во трета земја во наредните месеци за разгледување на бројни прашања со коишто се соочуваат САД и Русија.“

 



Слични вести