Столтенберг: Руското воено натрупување е нелегитимно, необјасниво и длабоко загрижувачко

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Русија треба веднаш да стави крај на военото натрупување внатре на територијата на Украина и на границата со Украина

1620501
Столтенберг: Руското воено натрупување е нелегитимно, необјасниво и длабоко загрижувачко

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, го посети Штабот на НАТО во Брисел кадешто се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

По средбата се одржа состанок за печатот на кој генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг  информира дека Русија на границата со Украина во последните денови испрати илјадници војници подготвени за војување и дека со загриженост ја следи ситуацијата.

Столтенберг истакна дека Русија треба веднаш да стави крај на военото натрупување внатре на територијата на Украина и на границата со Украина.

Велејќи дека ова е најголемо натрупување на војска од незаконската анексија на Крим од страна на Русија во 2014 година, Столтенберг нагласи дека во судирите во источниот дел на Украина во последните денови загинаа голем број украински војници.

„Руското воено натрупување е нелегитимно, необјасниво и длабоко загрижувачко. Русија веднаш треба да стави крај на ова натрупување во и околу Украина, да ги прекине провокациите и да ја намали затегнатоста.“ - рече Столтенберг.

Повикувајќи ја Русија да се придржува кон нејзините меѓународни одговорности, Јен Столтенберг го подвлече следното: „Поддршката на НАТО на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е непоколеблива. Ние нема да ја прифатиме нелегитимната и незаконска анексија на Крим од страна на Русија.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, побара од Русија да не ги поддржува проруските сили во источниот дел на Украина и да ги повлече своите сили од териториите на Украина, а воедно го додаде следното: „НАТО продолжува да стои покрај Украина.“

 



Слични вести