Во напад на терористите на Боко Харам врз постројка за хуманитарна помош на ОН загинаа 5 лица

Еден анонимен функционери соопшти дека терористичката организација Боко Харам изврши напад врз постројката за хуманитарна помош на ОН во областа Дамасак на границата на провинцијата Борно и дека притоа во нападот животите ги загубија 5 лица

1619243
Во напад на терористите на Боко Харам врз постројка за хуманитарна помош на ОН загинаа 5 лица

Во реализиран напад од страна на терористичката организација Боко Харам врз постројката за хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН) во североисточниот дел на Нигерија, загинаа 5 лица.

Еден анонимен функционери соопшти дека терористичката организација Боко Харам изврши напад врз постројката за хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН) во областа Дамасак на границата на провинцијата Борно и дека притоа во нападот животите ги загубија 5 лица.

Координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН) во Нигерија Едвард Калон исто така изјави дека цел на нападот биле три постројки за хуманитарна помош.

Калон го осуди нападот и истакна дека вработените и постројките за хуманитарна помош во североисточниот дел на Нигерија веќе подолго од 10 години се соочуваат со нападите на терористичката организација Боко Харам.

Велејќи дека поради нападите ќе биде намален бројот на вработените за хуманитарна помош во областа за која станува збор, Калон додаде дека тоа ќе влијае негативно на 8.800 раселени лица во оваа област.



Слични вести