Украинскиот претседател Зеленски побарал средба со Путин но засега не пристигнал одговор од руска страна

Портпаролката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Иулија Мендел, информира дека претседателот Зеленски побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин, но дека засега не можеле да добијат одговор за тоа од руската страна

1619628
Украинскиот претседател Зеленски побарал средба со Путин но засега не пристигнал одговор од руска страна

Портпаролката на украинскиот претседател Володимир Зеленски Иулија Мендел информира дека претседателот Зеленски побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин во однос на растечката тензија во источниот дел на земјата, но дека засега не можеле да добијат одговор за тоа од руската страна.

Мендел истакна дека Русија на источната граница на Украина натрупа повеќе од 40 илјади војници, а исто така и на Крим има натрупано над 40 илјади свои војници.

Украинската портпаролка Иулија Мендел воедно го додаде и тоа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе отпатува во посета на главниот град на Франција, Париз за разговори за военото структуирање и растечкото насилство во Донбас.

Началникот на Генералштабот на Украина Руслан Хомшак во говорот што го одржа пред Парламентот на 30 март истакна дека Русија под изговор за реализација на воена вежба натрупува војска во близина на границата со Украина.

Русија пак, спротивно на тоа соопшти дека испраќањето на војска се реализира во границите на територијата на земјата и дека тоа не претставува закана за никого.

Тројната контакт група составена од Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во врска со решавањето на кризата во областа Донбас донесе одлука за воспоставување на обемен прекин на огнот во областа, почнувајќи од 27 јули 2020 година.

Судирите помеѓу управата на Киев и проруските сепаратисти кои прогласија т.н. независност во областа Донбас, во источниот дел на Украина, од 2014 година продолжуваат со повремени прекини и во овие судири досега животите ги загубија повеќе од 13 илјади лица.

 



Слични вести