Случајот со протоколот во Турција претставува внатрешен спор помеѓу Советот и Комисијата на ЕУ

Белгискиот весник „Де Тијд“, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, ги спореди со „неискусни и страстни голготери кои не си подаваат топка“

1619218
Случајот со протоколот во Турција претставува внатрешен спор помеѓу Советот и Комисијата на ЕУ

Белгискиот весник „Де Тијд“, по случајот во врска со протоколот за време на нивната посета на Анкара, двајцата раководители на Европската унија (ЕУ), претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, ги спореди со „неискусни и страстни голготери кои не си подаваат топка“.

Во веста на овој белгиски весник кој се издава на фламански јазик се изнесува коментарот дека двајцата лидери на чело на европските институции „залудно ја трошат силата на Европа во светот“.

Се истакнува дека настанот ја привлече реакцијата на жените во Европа и дека Шарл Мишел еден дел од одговорноста ја префрлува на турскиот протокол.

Се наведува дека, надлежните за протоколот на Мишел него го оценуваат на повисоко место според протоколарниот редослед, меѓутоа на претходно одржаните слични состаноци не била правена разлика помеѓу двајцата претседатели на чело на Советот и Комисијата.

Во веста се вели дека помеѓу двојката и претходно се доживеани „детски кавги“ и дека едната од нив беше доживеана по прашањето на тоа кој од нив ќе го предводи состанокот преку видео-конференција којшто требаше да се одржи со британскиот премиер Борис Џонсон. Така по овој случај, e разрешен од должност Франсуа Рукс, личниот асистент на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Белгискиот весник напиша дека Мишел и фон дер Лејен се однесуваат како „неискусни и страстни голготери кои не си подаваат топка“ и дека двајцата лидери имаат доверба во своите тесни кругови.

Во веста се наведува дека дипломатите говорат во однос на тоа дека помеѓу двојката постои голема лична љубомора и дека екипите на Мишел и фон дер Лејен зборуваат помалку меѓусебно во споредба со екипите на претходните претседатели на Советот и Комисијата.

Од друга страна, некои здруженија на жените кои делуваат во европските земји по случајот со протоколот за време на посетата на раководството на Европската унија (ЕУ) на Турција (на 6 април) започнаа акција за собирање потпис со барање за оставка на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Здруженијата предводени од Фондацијата „Millennia“ подготвија писмо во кое се бара оставката на Мишел поради тоа што ја омаловажил (понижил) фон дер Лејен.

Како што се соопштува, ова писмо за кусо време било потпишано од страна на повеќе од 3 илјади лица од земји како што се Белгија, Франција и Италија.  Голем број жени се потпишале и дале поддршка на оваа акција и од земји надвор од Европската унија (ЕУ).

Организациите за правата на жените истакнуваат дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел „направил голема грешка“ и дека во личноста на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен ги омаловажил (понижил) сите жени.

 



Слични вести