Од САД до Русија: Агресивниот став против Украина ќе има своја цена и свои последици

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече: „Претседателот Џо Бајден е доста јасен по ова прашање. Доколку Русија презентира несовесен или агересивен став тоа ќе има своја цена и свои последици.“

1619228
Од САД до Русија: Агресивниот став против Украина ќе има своја цена и свои последици

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во интервју за телевизискиот канал „NBC“, се осврна на последните случувања на границата помеѓу Украина и Русија.

Блинкен истакна дека доколку Русија применува агерисен став против Украина тоа ќе има свои последици.

Велејќи дека се сериозно загрижени во врска со активностите на Русија на границата со Украина, Блинкен рече: „Претседателот Џо Бајден е доста јасен по ова прашање. Доколку Русија презентира несовесен или агересивен став тоа ќе има своја цена и свои последици.“

Началникот на Генералштабот на Украина Руслан Хомшак во говорот што го одржа пред Парламентот на 30 март истакна дека Русија под изговор за реализација на воена вежба натрупува војска во близина на границата со Украина.

Русија пак, спротивно на тоа соопшти дека испраќањето на војска се реализира во границите на територијата на земјата и дека тоа не претставува закана за никого.

Тројната контакт група составена од Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во врска со решавањето на кризата во областа Донбас донесе одлука за воспоставување на обемен прекин на огнот во областа, почнувајќи од 27 јули 2020 година.

Судирите помеѓу управата на Киев и проруските сепаратисти кои прогласија т.н. независност во областа Донбас, во источниот дел на Украина, од 2014 година продолжуваат со повремени прекини и во овие судири досега животите ги загубија повеќе од 13 илјади лица.

 



Слични вести